Лапорта ќе има тешка задача: Чави бара седум засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона игра многу подобро откако на кормилото на клубот стигна Чави Ернандез, кој побара од раководството на тимот дури седум засилувања за следната сезона.

Тренерот на каталонскиот гигант сака да се ослободи од Самуел Умтити, Клемене Ленгле, Серхи Роберто, Мартин Брајтвајт, Нето, Мемфис Депај и Сержињо Дест.

Чави како нови засилувања ги посака Ињаки Пења, Цезар Аспиликуета, Андреас Кристенсене, Лисандро Мартинез, Николас Таљафико, Френк Кеси и Рафиња.

Трансфер кој треба да го одбележи летото во Барселона е доаѓањето на Роберт Левандовски од Баерн Минхен, иако засега не е познато колку пар би чинел неговиот трансфер.