Лапорта се изнервирал и фрлал предмети во вип-ложата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вчера одигра 3-3 против Гранада, односно еден од најлошите тимови во Ла Лига оваа сезона, а тоа го изнервирало претседателот Жоан Лапорта.

„Каталуња радио“ објави дека Лапорта збеснал во вип-ложата и фрлал предмети, а по испадот на претседателот и Чави го потврдил инцидентот.

Чави признал дека Лапорта се симнал во соблекувалната за да зборува со него.

„Се видов со Лапорта и ми кажа дека натпреварите стануваат сè подолги. Ова е големо разочарување за сите. Игравме на домашен терен и моравме да победиме за да останеме во трката за титула. Сите сме лути и незадоволни“, кажа Чави.