Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди во парискиот клуб отиде на позајмица со опција за откуп на договорот, а еден од оние кои сметаат дека тој тоа не го сакал е негов веќе сега поранешен колега од Интер, Лаутаро Мартинез.
Тој кажува како Икарди сакал да остане во Интер, но сепак на крајот тоа не се случи.
„Имам многу добар однос со него, често се слушаме. Сакаше да остане и во разговорите со луѓето од клубот секогаш говореше дека сака да игра. Но, сега е во друг тим и му посакувам се најдобро, бидејќи тој многу ми помогна кога дојдов во Италија“, изјави Лаутаро.
Да потсетиме, на местото на Икарди во Интер стигна Белгиецот Ромелу Лукаку.
Лаутаро кажува дека веднаш се вклопил во новата средина.
„Тој веднаш се вклопи во идеите на тренерот и во нашиот стил на игра. Тој е напаѓач со неверојатни карактеристики, многу е силен. Ме изенанди неговиот стас“, порача Лаутаро.
Инаку, освен Лукаку, во Интер пристигна и Алексис Санчез кој дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед.