Лавеци бил избоден со нож од брат му!?

Аргентинските медиуми пишуваат дека поранешниот фудбалер Езекиел Лавеци бил избоден со нож на семејна забава.

Медиумите објавија дека виновник за повредите на поранешниот фудбалер на Наполи и ПСЖ е неговиот брат, но засега за такво нешто нема потврда.

Семејството на Лавеци соопштило дека Лавеци паднал од скала, но полицијата го истражува случајот.