Лазаров: Добивме квалитетни ривали, но имаме добри спомени од Вараждин


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација вчера ги доби противниците за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи на почетокот на 2025 година.

Македонија ќе биде во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а добра вест е тоа што дуелите ќе се играат во Вараждин, Хрватска, каде што се очекува голема поддршка од македонската публика.

Селекторот Кире Лазаров кажа дека добиле квалитетни противници, но има убави спомени од претходните настапи во Вараждин, односно СП 2009 каде што Македонија го освои 11. место.

„Добивме квалитетни репрезентации, но треба да бидеме задоволни, пред сè што ќе играме во Хрватска, односно Вараждин. Сите имаме добри спомени од Вараждин“, кажа Лазаров.