Лазаров: Го избравме потешкиот пат, меѓутоа тоа е иднината на македонскиот ракомет!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Алкалоид за само три години стана еден од најдобрите екипи во Македонија, а неодамна ја освои и титулата во Купот.

Тренерот Кире Лазаров му помогна на клубот од Автокоманда да напредува за краток период.

„Алкалоид како клуб беше создаден пред три години и тогаш го избравме потешкиот пат, но знаевме дека е вистинскиот. Се соочивме со многу пречки, но донесовме одлука која е иднината на македонскиот ракомет. Решивме да работиме за добро на екипата и државата. Се надевам дека и другите ќе го следат нашот пример“, кажа Лазаров.