Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар на денешната ждрепка ги доби ривалите во новата сезона од Лигата на шампиони (ЛШ), а групата воопшто не е наивна на актуелниот шампион во елитното натпреварување.
Вардар ќе игра против ПСЖ, Кјелце, Порто, Пик Сегед и Мешков Брест во групата А, додека групата Б ќе биде составена од Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант и Мотор Запорожје.
Стартот на следната сезона во ЛШ е закажан за 16 септември, додека крајот е планиран за 13 јуни наредната година, доколку повторно не се случи некоја непредвидена работа, како што сега беше вирусот.