Лазаров: Сонуваме медал на големо натпреварување!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот ракометар и селектор, Кире Лазаров вели дека Македонија наскоро ќе се бори за медал затоа што има квалитетни ракометари.

Лазаров во моментов работи како селектор и репрезентативец, па кажа дека е оптимист за иднината на македонската репрезентација.

„За тренерската работа се подготвував долго време. Во моментов репрезентацијата е во фаза на транзиција и промена на генерации, па имаме многу работа, но целта е да се создаде нова генерација. Предизвикот е да направиме нешто квалитетно за што ќе слушне цела Европа. Верувам дека можеме да постигнеме успеси и ќе бидеме конкурентни. Секако, нашиот сон е пласман во полуфинале и да освоиме медал“, вели Лазаров.