Лазаров: Унгарија е ракометна сила, ќе го дадеме нашиот максимум


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Македонската репрезентација во ракомет утре го започнува својот настап на Светското првенство 2025, играјќи против силната екипа на Унгарија.

Селекторот Кире Лазаров изрази убедување дека неговите играчи ќе го дадат својот максимум на теренот.

„Унгарија е голема сила во ракометот, со традиција и високо квалитетни играчи, кои главно се дел од две од најдобрите екипи во Лигата на шампиони. Под водство на селекторот Чема Родригез, нивната репрезентација постојано напредува и е извонредно добро организирана. Тешко е да се идентифицира нивна слаба точка, бидејќи се многу комплетна екипа. Сепак, со дисциплинирана игра и максимален ангажман, веруваме во позитивен резултат“, кажа Лазаров