Леброн Џејмс е незадоволен – го крена гласот поради одлуката на НБА-лигата! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар во светот, даде краток коментар за периодот меѓу завршување на едната и почеток на другата сезона.

„ЕСПН“ објави податок за најкратката пауза меѓу двете сезони и може да се забележи дека разликата меѓу сезоната 2019/20 и 2020/21 ќе биде најкратка во историјата.

Кошаркарите кои играа финале во плејофот ќе имаат 71 ден за одмор, односно малку повеќе од два месеци за да се одморат и да се подготват за новите предизвици.

Добро е познато дека Леброн беше за тоа сезоната да почне на средината на јануари, со што екипата ќе добие повеќе време, но НБА реши сезоната да почне на 22 декември.

Раководството на најсилната кошаркарска лига на светот не можеше да им излезе во пресрет на сите кошаркари, зашто тогаш ќе мораа да ја скратат сезоната уште повеќе или да влезат во термин на Олимписките игри.