Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лос Анџелес лејкерс загуби од Оклахома сити тандер со 130-133, но дуелот ќе се памети по рекордот на Леброн Џејмс кој стана најдобар стрелец во историјата на НБА-лигата.

Леброн на 10,9 секунди пред крајот на третата четвртина постигна кош со кој го надмина легендарниот Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.

„Им благодарам на навивачите, многу ми значи тоа што го поставив рекордот во присуство на легенда како Карим. Ѝ благодарам на мојата сопруга, ќерка ми и двата сина што беа покрај мене“, кажа Џејмс.