Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс се запиша во историјата на Летните Олимписки игри (ЛОИ), откако постигна трипл-дабл во победата против Србија.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс постигна 16 поени, 12 скокови и 10 асистенции за САД и така го запиша вториот трипл-дабл во кариерата, а такво нешто досега никому не му успеало.
Во историјата на Олимписките игри досега се постигнати четири трипл-дабл, и тоа два од Леброн и по еден од Александер Белов во 1976 година и Лука Дончиќ во 2021 година.