Леброн не остана мирен за политиката: Па Ибра истото го правеше пред три години!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го критикуваше Леброн Џејмс поради тоа што „кралот“ често се мешал во политиката во САД.

Ибрахимовиќ му порача на Леброн да не се меша премногу каде што не му е место затоа што не е политичар, а веднаш следеше одговор од кошаркарот.

„Чудно е што Златан зборува такви работи бидејќи тој е истото момче кои зборуваше дека во Шведска доживуваше исти работи. Бидејќи неговото презиме не е вообичаено во Шведска па таму чувствуваше расизам кога беше на теренот.Никогаш нема да престанам да критикувам нешто ако мислам дека е погрешно. Им зборувам на моите луѓе за расизмот, за социјалната неправда, системското гласање, притисоците за време на гласањето како и работите кои се случуваат во заедницата во која јас сум дел од неа. Гледам голем број деца во мојата заедница на кои им е потребен глас и јас сум тој глас“, истакна Леброн.