Леброн стана втор кошаркар со 37.000 поени, пред него е само Џабар (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс имаше одличен меч против Њу Орлеанс пеликанс, но неговата екипа загуби и до крајот треба да се плаши дали ќе обезбеди место во плејофот.

Леброн постигна 39 поени и девет скокови, па така беше најефикасен кај Лејкерс, но исто така успеа да испише историја, односно да ја надмине границата од 37.000 поени во неговата кариера.

Пред него до такво нешто стигна само Карим Абдул Џабар, кој ќе остане на врвот на вечната листа по број на постигнати поени во НБА-лигата.