Леброн „збесна“ на гостувањето кај Портланд за неверојатен пресврт на Лејкерс (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс се приближи до местата кои водат во плејофот, а една од причините за тоа е неверојатниот Леброн Џејмс, кој има 38 години, но тоа не го спречува да игра во врвна форма.

Лејкерс на полувреме имаше негатива од 25 поени, како и на почетокот на третата четвртина, но екипата предводена од Леброн направи неверојатен пресврт.

Американскиот кошаркар постигна дури 37 поени, 11 скокови и четири асистенции, а помош доби и од Томас Брајант, кој запиша 31 поен и 14 скокови.

Останати резултати:

Торонто – Њујорк 125-116
Денвер – Оклахома 99-101
Феникс – Мемфис 112-110
Голден Стејт – Бруклин 116-120