Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Познатиот фудбалер на Ливерпул, Стив Никол смета дека се уште е рано да се прогласи Вирџил ван Дијк за најдобар стопер во историјата на Премиер лигата.
Холанѓанецот игра одлично во дресот на Ливерпул, а многумина го сместија меѓу најдобрите во историјата на Премиер лигата.
Некои од нив пак отидоа дотаму и потенцираа дека Ван Дијк е најдобриот играч во историјата на ова натпреварување.
Ваквото мислење не го дели Никол кој смета дека таквото нешто е навистина претерано во овој момент.
„Тешко е да тврдиш такво нешто, но јасно е дека луѓето тоа го зборуваат затоа што Ван ДАјк денес игра фудбал. Нема сомнеж дека е врвна класа, но само две сезони е на највисоко ниво во Ливерпул и мислам дека е претерано да се зборува дека е најдобар во историјата“ –изјави Никол.