Легенда на Милан ќе го тренира Несторовски?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Удинезе се наоѓа во лоша форма сезонава, па тренерот Игор Тудор најверојатно ќе добие отказ наскоро, а македонскиот репрезентативец Илија Несторовски за тренер би можел да ја добие легендата на Милан, Џенаро Гатузо.

Гатузо веќе некое време е без ангажман, па сега би можел да почне нова тренерска авантура во Серија А, кадешто претходно го тренираше и тимот на Милан, во кој настапуваше долги години.

Италијанецот на почетокот на сезоната доби неколку примамливи понуди, но одби да му биде тренер на Горан Пандев во Џенова, а не ја прифати ниту понудата од Сампдорија.

Сепак, Гатузо смета дека му е доста од пауза, а Удинезе, наводно, подготвиле примамлива понуда за Италијанецот.