Легенда на Реал Мадрид се исмејува со Барселона: Уживам додека губат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легенда на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез Гути ужива во проблемите кои ги има Барселона. Каталонскиот тим реди порази под водство на Роналд Куман на кој му се подготвува отказ, а тешката ситуација го радува поранешниот фудбалер на „кралевите“.

Поранешниот фудбалер на Реал кажа дека не би имал проблем да седне на клупата на големиот ривал, а потоа порача дека ужива во нивните маки.

„Барселона е во комплицирана економска ситуација и отказот со Куман скапо би ги чинел. Ако Чави дојде да го води тимот, тоа ќе биде неверојатно. Јас во Барселона? Зошто да не. Слободен сум да покажам од што сум направен. Сепак, морам да признаам дека уживам додека Барселона губи. Никогаш не би заминал таму, зашто и така имаат доволно голем хаос во клубот“, кажа Гути.