Легенда на Рома се исмејуваше со Лацио пред дербито, па сега сите го тролаат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лацио синоќа ја декласираше Рома со 3-0 во првенството и покажа кој е газда во Рим. Фудбалерите на Лацио добија посебна мотивација од поранешниот напаѓач на Рома, Руџио Рицители, кој порача дека ривалот е мал тим.

„Не ме загрижува овој натпревар, ние имаме проблеми само со големи екипи“, порача тој пред неколку дена, па сега жали.

Почна жестоко провоцирање од навивачите на Лацио на сметка на Рицители, а фудбалерите на клубот како Фелипе Каисидо едвај дочекаа да му одржат лекција на поранешниот фудбалер.

„Ова требаше да биде пријателски натпревар, момци“, напиша Каисидо и го испровоцира поранешниот напаѓач на Рома.