Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот ракометен голман Арпад Штербик доживеал срцев удар, а тоа го потврдија од екипата на Веспрем.
Штербик работи како тренер на голманите на унгарскиот тим, но засега не е познато кога ќе се врати во тимот по проблемите со здравјето.
„Штербик не отпатува со тимот, откако се почувствува лошо и замина во болница каде што му беше констатиран срцев удар. Благодарение на брзата реакција на докторите, тој се чувствува подобро и утре може да го напушти одделот за интензивна нега. Му посакуваме брза рехабилитација и враќање во тимот“, соопштија од Веспрем.