Легендарна тенисерка ќе оди во затвор зашто земала кредит од шест милиони евра

Поранешната шпанска тенисерка Аранча Санчез Викарио би можел да заврши во затвор поради финансиска измама кон една банка.

Трикратната шампионка на Ролан Гарос е обвинета дека не си ги плаќала долговите кон банката, па заедно со сопругот Хосеп Сантакан се обвинети.

Тенисерката земала кредит од шест милиони евра, а парите не биле враќањи, па сега се обвинети за финансиска измама. Доколку бидат прогласени за виновни, тогаш ги чека затвор во времетраење од четири години.

Санчез е член на тениската куќа на славните, а во текот на нејзината кариера освои дури 102 трофеи.