Легендарниот Џерард ги фрли сите во транс и покажа како се слави титула! 🎥

Глазгов Ренџерс конечно ја освои титулата во Шкотска и ја прекина доминацијата на Селтик, а човекот кој им помогна во тоа е Стивен Џерард

Џерард се запиша во историјата на тимот и ја врати гордоста на Ренџерс, откако ја урна доминацијата на нивниот вечен ривал и ја врати насмевката на „Ајброкс“.

Ренџерс една година по последната освоена титула беше исфрлен во најнизок ранг поради финансиски проблеми, а во елитата се врати по пет години и дури сега Џерард ја освои титулата.