Легендарниот Шпанец сосем искрен: Меси да игра тенис би го променил спортот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Волшебникот на Барса со два гола го импресионираше фудбалскиот свет синоќа, посебно со вториот погодок.

Коментарите не стивнуваат, сите беа апсолутно воодушевени, а коментарот на легендарниот шпански тенисер Давид Ферер јасно покажува што луѓето мислат за аргентинскиот фудбалер.

„Замислете само Меси да е тенисер… ќе ги имавме Меси, Надал, Федерер, Ѓоковиќ. Истиот момент би го променил спортот“, се пошегува Ферер.

Тој со 37 години сеуште игра тенис. Во богатата кариера веќе 15 години е помеѓу најдобрите 20 тенисер во свеетот, но нажалост не успеа да освои Гренд Слем.

Најблизу до освојување беше во 2013. година кога играше финале на Роланд Гарос. Тогаш беше немоќен против Рафаел Надал.