Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досегашниот селектор на Украина Михајло Фоменко даде оставка на тоа место после големиот неуспех на ЕП.
Украина натпреварувањето го завршија со три порази и без постигнат погодок, а вината на себе ја превзеде Фоменко.
„Нема смисла да продолжиме понатака кога веќе не ја исполнивме својата цел. Виновен сум за лошите резултати и поради тоа давам оставка. На ЕП не делувавме како екипа, а некои играчи не беа психолошски спремни за вакво големо натпреварување. Ми се чини дека требаше повеќе да разговарам со нив, но сега е доцна. Не се тие виновни, веќе јас“, рече Фоменко.
Него на клупата на Украина треба да го наследи легендарниот Андриј Шевченко, кој на ЕП беше во стручниот штаб на националниот тим.