Легендата на Јунајтед: Погба и соиграчите после натпреварот се гаѓале со гел за коса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рој Кин саркастичен после поразот.

После уште еден очаен натпревар на Манчестер Јунајтед на домашен терен, се огласи и легендарниот капитен на овој тим, Рој Кин.

Да се потсетиме, Црвените Ѓаволи вчеравечер во рамките на Премиер Лигата изгубија од Манчестер Сити со резултат од 2:0, а легендарниот Ирец беше саркастичен после мечот.

Посебно се обрати кон Пол Погба и неговите соиграчи.
„Мислам дека Пол Погба и играчите на Јунајтед беа толку налутени и бесни што после мечот во соблекувалната се гаѓаа со гел за коса“, рече Кин после натпревварот.

Навивачите на Јунајтед сигурно изминатите денови, месеци и години сонуваат за некој како Кин да се врати во соблекувалната и да воспостави работа, ред и дисциплина што моментално недостасува кај моменталните фудбалери, а Солскер тоа неможе да го промени.

Меѓутоа, со вчерашниот пораз, Јунајтед значајно си ги намали шансите кога е во прашање пласманот за во Лигата на Шампионите во наредната сезона бидејќи сега четвртопласираниот Челзи е во предност од 3 бода.