Легендата на Ливерпул ја доби првата битка со коронавирусот: Им благодарам на докторите!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендата на Ливерпул, Кени Далглиш беше пуштен од болница откако пред неколку дена му беше откриен коронавирусот, по што ги пофали докторите и помошта која ја добил.

Далглиш во средата беше примен во болница поради инфекција, а тогаш му беше направен и рутински тест на коронавирус, на кој беше позитивен, иако немал никакви симптоми.

Во меѓувреме 69-годишната легенда на Ливерпул беше пуштен од болница и сега е во самоизолација во неговиот дом.

„Сакам да се заблагодарам на докторите и останатиот медицински персонал, кој водеше сметка за мене. Беа апсолутно неверојатни. Луѓето мислат дека презимето Далглиш ми донесе прием и најдобра грижа. Сепак, тоа не е така. Добив нега каква што добиваат сите во болницата. Во секого гледаат човечко суштество“, вели Далглиш.