Легендите на Реал Мадрид го нападнаа Зидан: Ти си виновен, ништо не направи како што треба!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ знае како се освојува Лигата на шампиони зашто ја врати европската круна на „Сантијаго Бернабеу“ по 32 години.

Исто така, Мијатовиќ знае и кој е виновен за елиминацијата на „кралевите“ во полуфиналето од Челси. Поранешниот репрезентативец на Југославија го нападна тренерот Зинедин Зидан, а со него се сложуваат и други поранешни фудбалери на Реал.

„Челси беше одличен во секој поглед, интензитет, ритам, создавање шанси… Го сакаме Зидан, постигна многу работи, но синоќа не направи ништо“, вели Мијатовиќ.

Поранешниот фудбалер, тренер и функционер на Реал, Хорхе Валдано го опиша настапот на Реал.

„Реал ништо не заслужи синоќа, дури ниту малку среќа. Ги победи подобриот противник. Немаше шанси за да се случи чудо, болеста на Реал е тоа што не постигнуваат доволно голови“, објасни Валдано.