Лејкерс го избрка тренерот: Животот ми беше пекол!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс го избрка тренерот Дарвин Хем по разочарувањето во плејофот на НБА-лигата.

Лејкерс под водство на Хем во последните две сезони имаа 90 победи и 74 порази, а оваа година разочараа во плејофот бидејќи испаднаа од Денвер нагетс.

„Ова беше тешка одлука, но и најдобриот начин на дејствување по комплетната анализа на сезоната. Нашиот клуб ќе остане посветен на составување на тим способен за освојување титула“, објавија од Лејкерс.

Хем кажа дека изминатите две години во Лејкерс му биле пеколни.

„Последните две години ми беа пеколни во Лејкерс“, кажа Хем.