Лејкерс се проколнати: Џејмс и другарите загубија на неверојатен начин од Портланд (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го запишаа третиот пораз во новата сезона во НБА-лигата, и тоа од Портланд трејл блејзерс со 104-106.

Возбудлив натпревар одиграа двете екипи во Лос Анџелес, а на крајот Лејкерс успеаа да загубат меч во кој на две минути пред крајот имаа седум поени предност.

Лејкерс изгледаа лошо во првото полувреме и на паузата заминаа со негатива од 48-55, по што Ентони Дејвис и Леброн Џејмс го разбудија тимот во вториот дел и во завршницата стигнаадо предност од седум поени.

Џејмс и другарите имаа водство од 102-101 на 20 секунди пред крајот, но Лилард погоди за пресврт (104-102), по што Леброн успеа да го врати тимот во игра и да израмни на 104-104.

Меѓутоа, Грант погоди за ново водство на Портланд од 106-104, по што Леброн промаши важен шут и Лејкерс го запиша третиот пораз.

Лилард беше најефикасен на теренот кај Портланд со 41 поен, додека Џејмс постигна 31 поен за Лејкерс.