Лејкерс треба да му се плаши, Батлер најави голема борба и триумф на Мајами!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Мајами хит и Лос Анџелес лејкерс ќе играат вечерва во четвртиот меч од финалето на НБА плејоф-серијата.

Мајами по двата порази неочекувано славеше и намали на 1-2, со победата во третиот меч од 115-104.

Лидер на тимот беше Џими Батлер, кој одигра неверојатен меч и го постигна првиот трипл-дабл во плејофот со 40 поени, 13 асистенции и 11 скокови.

Батлер сега најави победа на Мајами и во четвртиот меч и целосно израмнување во финалната серија за која изгледаше дека Лејкерс ќе ја добијат без никаков отпор.

„Ќе победиме, ќе се бориме, нема да се предадеме. Ќе израмниме на 2-2“, кажа Батлер пред четвриот дуел.