Лејкерси на крилјата на Џејмс го совладаа Портланд и поведоа со 3-1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа го совладаа Портланд Трејл Блејзерс со 135:115 и го зголемија водството со 3:1 во серијата.

Портланд ги изненади сите кога славеа во првиот натпревар, но после тоа Лејкерс заиграа многу подобро, и ги свртеа работите во нивна корист. Сега тимот на Лос Анџелес има предност од 3-1 и е на еден чекор од пласман понатаму во плеј-офот за Западна конференција.

Лејкерси синоќа одиграа одличен натпревар, и го диктираа темпото на играта уште од самиот почеток. Веќе по првата четвртина беше јасно дека Портланд нема да имаат добар резултат бидејќи Лејкерс водеа со 43:25.

Во второто полувреме Леброн Џејмс и соиграчите играа фантастично, а се чинеше дека сè е решено на овој натпревар. Портланд делуваше беспомошно на паркетот, а тоа најдобро го покажува фактот дека на паузата заминаа со резултат 80:51 за Лејкерс.

Во второто полувреме Лејкерси ја задржаа само својата предност, а јасно беше дека ќе го зголемат водството со 3:1. Портланд успеа малку да го ублажи поразот, но ништо значајно затоа што Лејкерс на крајот славеше со 135:115.

Лејкерси беа предводени до победата од фантастичниот Џејмс кој постигна 30 поени и додаде уште десет асистенции и шест скока. Ентони Дејвис постигна 18 поени со пет скока и пет асистенции.

Во тимот на Портланд синоќа Јусуф Нуркиќ беше најефикасен, завршувајќи го натпреварот со 20 поени, 13 скокови и четири асистенции. Лилард постгина само 11 поени, а Мек Колум натпреварот го заврши со 18 поени.

Синоќа играа и Мајами Хит и Индијана Пејсерс и сè е јасно во таа серија. Мајами успеа да слави со 99:87 и на тој начин да ги испратат дома Пејсерси со 4:0 во серија и да продолжат понатаму. Интересно е во дуелот на Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер каде е 2-2 во серијата откако Оклахома славеше синоќа со 117-114.