„Л’Екип“: Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ, се чека официјална потврда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена почна повторно трансфер сагата за иднината на Нејмар, кој во 2017 година пристигна во ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

Меѓутоа, Нејмар следното лето сакаше да се врати во каталонскиот гигант затоа што не беше среќен во ПСЖ, но на крајот трансферот пропадна затоа што клубовите не се договорија.

Нејмар има договор со ПСЖ до лето следната година и веќе неколку недели се шпекулира за тоа дали ќе потпише нов договор.

Во последно време почнаа шпекулации дека Нејмар може да се врати во Барселона, а многумина помислија дека следи нов трансфер-сага, но како што стојат работите, такво нешто нема да се случи.

Француски „Л’Екип“ објави дека Нејмар потпишал нов договор со парижаните до 2026 година, а ПСЖ денеска ќе објави официјална потврда на веста.

Нејмар во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања одигра 27 меча и постигна 15 голови и 10 асистенции.