„Л’Екип“ откри како Дешамп го вратил Бензема во репрезентацијата на Франција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карим Бензема по шест години се врати во француската репрезентација и ќе биде во конкуренција за натпреварите на Европското првенство.

Напаѓачот на Реал Мадрид по шест години повторно се најде на списокот на „триколорите“, а последниот одигран меч му беше во октомври 2015 година.

Меѓутоа, селекторот на Франција не сакаше да ја испушти одличната форма на Бензема и реши да го повика за новите предизвици.

„Л’Екип“ објави дека преговорите меѓу Бензема и Дешамп траеле со месеци и дека тие барале најдобар начин како да го објават неговото враќање во репрезентацијата.

Наводно, мисијата за враќањето на Бензема во репрезентацијата почнала во март годинава откако Дешамп потврди дека ќе го повика.

Дешамп потоа разговарал и со раководството на Фудбалскиот сојуз на Франција за да добие нивна согласност за да го повика во екипата.