Леклер: Чест ми е да возам покрај Хамилтон, ќе покажам за што сум способен!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер од следната сезона ќе биде тимски колега со Луис Хамилтон затоа што Карлос Саинц си заминува од италијанската екипа.

Леклер вели дека е чест да се вози покрај Хамилтон, но воедно и мотивација за да го покаже својот квалитет.

„Луис е најуспешниот возач во историјата на спортот. Да возам покрај него е голема чест, но и мотивација за да покажам за што сум способен“, кажа Леклер.