Леклер: Хамилтон е неверојатен возач и ќе ни помогне со неговото искуство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер кажа дека е среќен поради доаѓањето на Луис Хамилтон во тимот во 2025 година.

Иако во медиумите во изминатите денови се шпекулираше дека Леклер не бил задоволен со одлуката на Ферари, сепак младиот возач од Монако ги демантираше медиумите.

„Бев свесен за овој потег на Ферари пред да потпишам договор. Тоа не беше изненадување за мене. Хамилтон е неверојатен возач и има големо искуство кое ќе ни помогне“, кажа Леклер.

Хамилтон ќе вози за Ферари од 2025 година, откако потпиша договор на повеќе сезони со италијанскиот тим.