Леклер побрз од конкуренцијата во Остин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше најбрз во квалификациите пред трката за Големата награда на САД и ќе тргне од пол-позиција.

Леклер изненади со неговиот настап, па така зад себе ги остави Ландо Норис од Мекларен и Луис Хамилтон од Мерцедес, откако на Макс Ферстапен од Ред Бул му беше избришано времето од последната трка зашто ја напуштил патеката.

По првата тројка следи вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, а потоа следат Џорџ Расел, Ферстапен, Гасли, Окон, Перез и Пјастри.