Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја продаде кацигата која ја носеше на неговата домашна трка за Големата награда на Монако.
Кацигата се продаде за 306.000 евра минатиот месец, а исто така на аукцијата беше продадена и останатата опрема која ја носел Леклер во Монако, меѓу кои беа комбинезонот за 61.200 евра, чевлите за 20.400 евра и ракавиците за 42.000 евра.
Овие пари, вкупно 429.600 евра, беа донирани за настраданите во Емилија Ромања, која беше поплавена и поради тоа се откажа трката за Големата награда на Италија.