Ленард го оперираше коленото, но не е познато колку ќе паузира


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Клиперс објави дека Каваи Ленард го оперирал коленото, односно делот каде што му е повреден лигаментот.

Ленард се повреди во четвртиот меч од полуфиналето на Западот против Јута џез во јуни, а сега поради новата повреда би можел да паузира многу долго.

Кошаркарот на крајот на актуелната сезона има опција да го напушти тимот или да остане за 36 милиони долари, а потоа да потпише четиригодишен договор според кој би заработил повеќе од 180 милиони долари.

Ленард минатата сезона во просек постигнуваше по 24,8 поени по меч, а заедно со Пол Џорџ беше одличен тандем.