Лео Меси ги избра најдобрите 15 млади играчи кои очекува да блеснат во иднина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, ја искористи паузата и зборуваше за фудбалерите кои допрва треба да блеснат на фудбалската сцена.

Аргентинецот посочи 15 млади фудбалери од кои очекува да остават трага во фудбалот во годините што доаѓаат.

Интересно е тоа што Меси меѓу најдобрите играчи го спомна и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, меѓутоа имаше играчи кои не ги спомна а кои во моментов ветуваат многу на фудбалската сцена, а меѓу нив се и Халанд, Родриго, Гринвуд, Мартинели, Сака…

Ова се 15-те млади играчи кои ги избра Лео Меси: Килијан Мбапе, Лука Јовиќ, Трент Александер Арнолд, Кристијан Пулишиќ, Мејсон Маунт, Фил Фоден, Џејдон Санчо, Каи Хаверц, Едер Милитао, Усман Дембеле, Френки Де Јонг, Хосем Аурар, Жоао Феликс, Џошуа Кимих, Бенџамин Павар.