Леонардо доби лош повик, па го замени Ди Марија, кој веднаш замина од стадионот! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ доживеа неочекуван пораз од Нант со 1-2, но средбата остана во сенка на сериозен проблем кој се однесува на Анхел Ди Марија.

Ди Марија беше заменет во 62. минута од натпреварот при резултат 1-1, а тоа предизвика многу реакции, меѓутоа по мечот беше откриено што се случило.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо добил повик и му кажал на Покетино веднаш да го замени Ди Марија, чиј дом бил брутално ограбен и тоа додека семејството му било во куќата.

Аргентинецот веднаш потоа излезе од игра и замина дома за да го провери своето семејство, а засега нема многу детали за грабежот.