Лесор ќе оди на Суд откако со боксови нападна кошаркар на Ц. Звезда (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Црвена Звезда реши да го тужи кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор кој го нападна Филип Петрушев со боксови.

Од екипата на Ц. Звезда најавија дека ќе го тужат Лесор поради овој потег, а Лесор ќе мора денеска да оди во полиција за да даде изјава.

„Ова не е првпат Лесор да создаде инциденти, а сега повторно ќе има можност пред надлежните органи да даде изјава затоа што во Србија заработува големи пари. Ја известуваме јавноста дека изјава ќе даде и Петрушев, а најавуваме и тужба против кошаркарот на Партизан“, велат од Ц. Звезда.

Исто така, била побарана суспензија за Лесор од крајот на сезоната во АБА-лигата.