Лесор по гостувањето во Белград: Ова е џунгла, имаше зебри, делфини и мајмуни!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Навивачите на Црвена Звезда синоќа имаа „посебен пречек“ за Матијас Лесор кој до минатата сезона играше за Партизан, а од оваа година го носи дресот на Панатинаикос.

Лесор го заврши натпреварот со 19 поени и му помогна да оствари победа на Панатинаикос, а по мечот имаше изјава за атмосферата во салата.

„Денеска беше како во џунгла. Имаше зебри, делфини и мајмуни. Навикнат сум на ваква атмосфера, правам сè што е потребно за да слави мојот тим“, кажа Лесор.