Лестер атакува по Хрват, неговиот агент потврди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шампионот на Англија е во потера за уште еден напаѓач, јавува Скај Спортс.

Напаѓачот на Фиорентина се наоѓа на мета на Лисиците.

Во прашање е Никола Калиниќ, а неговиот агент денеска потврди дека постои интерес од шампионот на Англија за услугите на неговиот клиент.

„Вистина е, запознаени сме со интересот на Лестер“, изјави Томислав Ерцег.

„Се е отворено, но нема брзање, трансфер пазарот само што започна“, заклучи агентот на хрватскиот репрезентативец.

Калиниќ беше дел од селекцијата на „Ватрените“ на ЕП во Франција, а постигна и погодок во победата над Шпанија.

Тој во минатата сезона во дресот на Виолетовите на 51 дуели мрежата ја тресеше во 19 наврати.