Лестер на чекор од ангажирање на еден од најталентираните Бразилци

Оваа информација ја пренесува доверливиот Гардијан.

Имено, Лестер Сити испрати понуда тешка 23.2 милиони фунти на адреса на фудбалскиот клуб Сантос, за нивниот фудбалер Габриел Барбоса!

Популарниот „Габигол“ долго веќе е на мета на италијанските гиганти Интер и Јувентус, а самиот фудбалер изјави дека сака да ја продолжи кариерата во Торино.

Сага на неговата маса е и примамлива понуда од Лестер, кои прават се посериозен тим за оваа сезона.

Стигнаа Рон Роберт Цилер (Хановер), Луис Ернандез (Спортинг Хихон), Ахмед Муса (ЦСКА Москва), Бартош Капустка (Краковија) и Нампали Менди (Ница) на Кинг Пауер, а на пат да ги засили лисиците е фудбалерот на Депортиво Ла Коруња Лукас Перез.

„Габигол„ би било одлично засилување, а воедно и најскапа аквизација во историјата на клубот.

Тој од почетокот на кариерата е во Сантос, често е нарекуван и „новиот Нејмар“, а во дресот на легендарниот бразилски клуб на 152 настапи постигна 56 голови.

Одигра и четири натпревари во дресот на сениорската репрезентација, а усппеа и во два наврати да се запише во листата на стрелците.

Моментално се наоѓа на Олимписките игри во Рио, како дел на селекцијата на Кариоките