Лестер не чека да се отвори преодниот рок, испрати понуда за играч на Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Лестер први повлекоа нога и испратија понуда за фудбалерот на Ливерпул, Адам Лалана.

Искусниот играч од средниот ред ќе стане слободен агент штом неговиот договор со Ливерпул заврши, а интересот за него е огромен.

За повремениот англиски репрезентативец има интерес од неколку премиерлигаши меѓу кои се и Лестер, Арсенал, Тотенхем и Њукасл.

Како што пишува „Ливерпул Ехо“ тимот на Лестер прв повлекол конкретен чекор и испратил понуда до играчот да се пресели на „Кинг Пауер Стадионот“ ова лето.

Наводно Лалана бил отворен за пвоторна соработка со Брендан Роџерс кој го тренираше кога тој пристигна во Ливерпул од Саутемптон.