Лев ги избра ѕвездите за мечот со Македонија – Вернер, Хавeрц, Гундоган…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот селектор Јоаким Лев објави листа со фудбалери на кои ќе смета на натпреварите од 25 до 31 март, а еден од нив е против Македонија.

Македонија ги почнува квалификациите за Светското првенство против Романија на 25 март, по што на 28 ќе игра против Лихтенштајн, додека на 31 март е пресметката против Германија.

Иако се најавуваа промени во списокот на Лев, сепак тој ги избра најголемите ѕвезди за следните натпревари.