Лев се скрши на прес-конференцијата: Ова е еден црн ден!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев кажа по поразот од Шпанија од 0-6 во Лига на нации дека зад неговиот тим е еден црн ден.

Иако Германците не играа со некои фудбалери од стандардниот состав, сепак тоа не е оправдување за дебаклот од 0-6 против Шпанија.

„Ова е еден црн ден. Видовме дека не напредуваме како група така како што се надевавме. Сепак, и понатаму им верувам на фудбалерите. Секако, имам желба да пронајдам решение. Тоа е моја должност“, кажа Лев.

Лев по Мундијалот во Русија им се заблагодари на репрезентативците Хумелс, Боатенг и Томас Милер, по што реши да ја подмлади селекцијата.

Германија обезбеди пласман на Европското првенство, но во многу натпревари има загрижувачка форма и ова не е ниво на една од најдобрите репрезентации во светот.