Левадовски се договори со новиот клуб, се чека само „амин“ од ФИФА…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе подолго време, Роберт Левандовски се доведува во врска со напуштање на Баерн. Се чини дека неговото заминување од Баварија е извесно повеќе од било кога.

Фантастичниот Полјак договори и нов ангажман, меѓутоа конечниот збор ќе го има ФИФА бидејќи најдобриот напаѓач во Бундеслигата би требало да потпише за Челси.

ФИФА на лондонскиот клуб му забрани доведување на играчи во следните два преодни рока. „Плавите“ се жалеа за Спортската арбитража на судот во Лозана, и доколку нивната жалба до крајот на овој месец биде уважена, ќе биде овозможно пристигнувањето на Левандовски на „Стемфорд Бриџ“.

Непознато е колку Челси ќе плати за полскиот репрезентативец, но нема сомнеж дека повеќето пари од евентуалната продажба на Еден Азар ќе биде искористена за ангажман на Левандовски.

Челси веќе неколку години мака мачи со напаѓачите. Алваро Мората е промашена инвестиција, додека ниту Оливие Жиру и Гонзало Игуаин не се гаранција за добри резултати.

Левадовски во Баерн би требало да биде заменет од страна на одличниот напаѓач на Лајпциг, Тимо Вернер.