Левандовски ги одби милионите од С. Арабија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовски оваа сезона ја водеше Барселона до титула во Ла Лига, а летово доби неколку понуди од Саудиска Арабија, но тој не размислува да замине од каталонскиот тим.

Левандовски ги одби милионите од Саудиска Арабија и кажа дека нема да го следи патот на Кристијано Роналдо, Карим Бензема и другите.

„Не размислувам за понудата од С. Арабија. Затоа што нема за што да размислувам. Јас имам други приоритети. Гледам што се случува во последно време, но тоа не е моја грижа“, кажа Левандовски.