Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен славеше тешка, но многу значајна победа против тимот на Падерборн во натпревар од Бундеслигата.
„Баварците“ славеа со 3:2, а победничкиот гол беше постигнат од страна на Роберт Левандовски во 88. минута.
Претходно, Баерн поведе со голот на Гнабри, но по катастрофалната грешка на Ноер, Падерборн стигна до израмнување.
Во 70. минута Левандовски донесе повторно водство за Баерн, но по само пет минути Мичел израмни на 2:2. Полјакот на две минути до крајот на мечот потоа го постави конечниот резултат.